
Во американската сојузна држава Алабама, осуденик за првпат беше погубен со употреба на азотен гас, кој државата во Соединетите Држави го нарече „најбезболен и најхуман метод на егзекуција досега“, додека противниците тврдат дека методот е суров и експериментален.
„Кенет Јуџин Смит (58), осуден за убиство, е усмртен“, изјави гувернерот на Алабама Кеј Ајви.
Тој беше прогласен за мртов во 20:25 часот по локално време во затвор во Алабама. Самиот процес траел 22 минути. На Смит му била ставена маска и преку неа вдишал чист азотен гас, предизвикувајќи недостиг на кислород.