РЕГИОН

Во Албанија полицискиот час се скратува, но нема да се укине

И покрај стабилната епидемиолошка состојба со ковид-19, албанскиот Комитетот на експерти за справување со пандемијата не планира укинување на мерката за ограничено движење.

Advertisements

Скендер Братај, член на Комитетот и директор на Националниот ургентен центар во Тирана, коментирајќи го барањето на Здружението на угостители за ослободување од антиковид-мерките, рече дека мерките ќе продолжат да се релаксираат, но нема целосно да бидат укинати.

„Според одлуката на Комитетот, полицискиот час од први јули се скратува за еден час, односно наместо во 23 ќе почнува на полноќ и ќе трае како и досега до 6 часот. Во врска со барањето да се дозволи музика во угостителските објекти и по полноќ, а не како досега до 22 часот, тоа не е поврзано само со опасниот вирус, туку со фактот дека локалите се во станбени области и музиката станува вознемирувачка за жителите во тие области“, вели тој и додава дека од први јули ќе се дозволи одржување културни активности со присутност од 30 отсто од капацитетите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button