
Владата во август ќе прогласи кризна состојба во делот на електричната енергија. Ваквата одлука владата ќе ја донесе со цел да обезбеди пари за ликвидност на државните енергетски компании. Засега од ЕБОР се договорени 100 милиони евра за ЕСМ со кои ќе има пари за купување на скапа струја од светските берзи, но и за набавка на јаглен и мазут. На тој начин во функција ќе може да бидат ставени сите енергетским капацитети во државата.
„Ќе ја имаме најтешката зима, ситуацијата е толку сериозна, непредвидлива што не зависи само од С. رهانات المباريات Македонија, не зависи само од државите во регионот, но секако дека зависи од начинот како ќе се одвива војната во Украина“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.
Бектеши смета дека рестрикции на струја нема да има, а вакво црно сценарио според е можно само доколку некоја од државите од опкружувањето реши да забрани извоз на електрична енергија и Македонија да нема од каде да набави. Во однос на набавката на рускиот природен гас, кој доаѓа во Македонија преку Бугарија, ресорниот министер вели дека ако официјална Москва побара да плаќаме во рубљи, ќе се бараат алтернативни извори, а топланите ќе работат на јаглен и мазут.
„Нашата намера е да целосно да се интегрираме и да станеме членки на Европската унија и ние ги следиме европските политики, и секако кога ги следиш тие политики и доброто и лошото ги сносиме сите заедно. Сите одлуки кои ќе ги носи Европската комисија ние ќе ги донесеме како Министерство за економија“, рече Бектеши. موقع ويليام هيل
Во јуни годинава владата стави крај на кризната состојба во енергетиката во земјава, која траеше од први декемви 2021 година. لعب البوكر
Иле Петревски