СВЕТ
Во Австралија запленет повеќе од еден тон кокаин вреден речиси половина милијарда долари

Повеќе од еден тон кокаин, чија вредност се проценува на речиси половина милијарда долари, е запленет од брод покрај брегот на австралиската држава Нов Јужен Велс, соопштија официјални лица.
Во заедничка операција на австралиската федерална полиција и полицијата на Нов Јужен Велс, пет лица се уапсени откако полицијата добила разузнавачки информации по „сомнителната набавка“ на 13-метарски моторен чамец за готовина во Сиднеј.
Бродот бил пресретнат во близина на Саут Вест Рокс додека се враќал на брегот.