ВЕСТИКлиматски ПромениСВЕТ

Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени

Годишниот самит на ОН за климатски промени COP29 (UN Climate Change Conferences) започнува денеска во Баку, главниот град на Азербејџан, и ќе трае до 22 ноември, а ќе собере лидери на бројни земји, претставници на бизнисот и граѓанското општество со цел да се забрзаат активностите за решавање на проблемот со климатска криза.

Официјалното отворање на Самитот на Олимпискиот стадион „Баку“ е планирано за вторник, а свое обраќање ќе имаат домаќините – претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

По свеченото отворање, на Самитот ќе говорат повеќе од 20 шефови на држави.

COP29, во време кога глобалните температури достигнуваат рекордни нивоа, а екстремните временски услови ги погодуваат луѓето ширум светот, ќе се обиде да унапреди конкретни решенија за проблемот со климатските промени.

Фокусот на COP29 ќе биде на финансиските земји кои треба драстично да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да ги заштитат животите и егзистенцијата на луѓето од влијанијата на климатските промени.

Меѓу клучните приоритети на COP29 се  обезбедување дека секоја земја има ресурси да преземе многу посилни климатски активности, намалување на емисиите на стакленички гасови и градење отпорни заедници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button