ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во „Бехтел Енка“ се одржа дебата за поттикнување на родовата еднаквост и позиционирање на жените во градежната индустрија

Во „Бехтел Енка“ се одржа дебата за поттикнување на родовата еднаквост и позиционирање на жените во градежната индустрија

Во кампот на градежниот конзорциум „Бехтел Енка“ близу Гостивар се одржа панел-дискусија под мотото „Забрзување на акцијата: поттикнување промена во родовата еднаквост – Жени во градежништвото: можности и предизвици

Advertisements

Покрај вработените, учествуваа и заменичките министерки за транспорт и врски Калтрина Зеколи Шаќири и за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска.

Панелистите зборуваа за важноста од зајакнување на позициите на жените во општеството и промовирање на родовата еднаквост и поттикнување на жените да се приклучат на инженерската и градежна професија.

„Знаеме дека патувањето на жените во овие професии кои се сметаат за доминантни машки професии и ова не е лесно, но ние сме тука денес за да разговараме и за да сензибилизираме и зајакнеме заедно, да ја унапредиме оваа мисија да им понудиме на жените во нашето општество поеднаква позиција за да ги зајакнеме нив и да им го олесниме патот и на жените кои доаѓаат по нас“, рече Калтрина Зеколи, заменик министер за транспорт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button