ВЕСТИСВЕТ

Во Белорусија денеска нови протести против одлуката на претседателот Александар Лукашенко


Во Белорусија денеска нови протести против одлуката на претседателот Александар Лукашенко, кој им нареди на вооружените сили да бидат на готовност за да ги заштитат западните граници на земјата. Лидерот на опозицијата Светлана Циханоскаја рече дека Белорусите треба да се борат за своите права и не треба да му веруваат на Лукашенко кога вели дека земјата е под воена закана. НАТО, исто така, негираше какви било засилувања на границата со Белорусија, истакнувајќи дека гласините за ова прашање се неосновани. Илјадници граѓани излегоа на улиците откако Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, прогласи победа на претседателските избори на 9 август. Повеќе од 7.000 демонстранти се уапсени, а стотици претепани од полицијата. Европската Унија и Соединетите Држави го критикуваа гласањето и ја осудија бруталноста на властите врз демонстрантите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button