
Министерот за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, Рамо Исак, денеска изјави дека по нападот во Босанска Крупа, кој властите го окарактеризираа како терористички, нивото на безбедност е подигнато и дека присуството на полицијата на терен ќе се зголеми.
Исак за БХРТ изјави дека единствено што може да порача е дека полицијата ќе направи сѐ за да се подигне нивото на безбедност и граѓаните да бидат безбедни.
„Полицијата максимално ќе биде на терен за да ги лиши од слобода сите лица кои вршат криминални дејствија. Ќе работиме и на максимална превенција во вакви случаи. Останатото е во надлежност на обвинителството и судовите кои треба да изречат максимални казни за вакви случаи“, додаде Исак.