МАКЕДОНИЈА

Во Битола 24 санкции за непрописно престигнување

Во Битола 24 санкции за непрописно престигнување

Вкупно 24 возачи се санкционирани во текот на вчерашниот ден во периодот од 15.00 до 20.00 часот во засилена акциска контрола на МВР за возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Битола.
Како што информира МВР, на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button