МАКЕДОНИЈА

Во Битола до 17 часот гласале 45 проценти од вкупниот број избирачи

Општинската изборна комисија во Битола информира дека до 17 часот на Локалните избори гласале 45 проценти од вкупниот број на избирачи во Единствениот избирачки список каде се евидентирани 80.882 граѓани со право на глас.

Advertisements

Изборниот процес се реализира на 170 избирачки места во Општина Битола, a на Локалните избори евидентирани се шест кандидати за градоначалник и 14 листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола.

-До овој момент нема забелешки на изборниот процес, изјави Игор Талевски, претседател на ОИК Битола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button