ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во боите на НАТО осветлена зградата на МНР

Во пресрет на Денот на НАТО зградата на Министерството за надворешни работи вечерва осамна осветлена во боите на Алијансата.
Османи во објавата нагласува дека заедно со останатите 29 сојузници стоиме обединети и одлучни во определбата за зачувување на европската и трансатлантска безбедност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.
“Како кредибилен НАТО сојузник остануваме посветени во креирањето значајни одлуки и заложбите за одбрана на мирот, безбедноста, слободата и демократскиот просперитет”, додава шефот на дипломатијата во објавата.