
Здравствените власти во Британија денеска започнаа да вакцинираат луѓе со првите дози на вакцината против ковид-19 во многу очекуваната програма за имунизација. Првите 800.000 дози на вакцината развиена од „Фајзер“ и „БиоНТех“, за кои компаниите велат дека е ефикасна 95 проценти ќе ги примат луѓето постари од 80 години, кои се или хоспитализирани или во старечки домови. Здравствените власти бараат од јавноста да има трпеливост затоа што само оние кои се изложени на најголем ризик ќе бидат вакцинирани во раните фази.