
Бугарија од денеска не е во состојба на вонредна епидемија и се укинуваат воведените антиепидемиски мерки во земјата. Исто така се укинува носењето заштитни маски во затворени објекти.
„Во Бугарија, по серија мерки за олабавување, време е да се направи следниот чекор кон животот каков што го знаевме пред март 2020 година. Многу земји веќе го направија тоа“, изјави министерката за здравство на Бугарија, Асена Сербезова, потсетувајќи дека многу луѓе ја загубија битката со ковид-19.