ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Чаир од септември во некои училишта по три смени настава

Во наредната учебна година одредени училишта во земјава се соочуваат со ситуација да мора да држат настава во три смени поради пренатрупаност со ученици. Во основното училиште „Хасан Приштина“ во Чаир, каде во моментов се реконструира еден дел, има многу барања за упис во прво одделение и покрај тоа што конкурсот е веќе затворен.

Advertisements

„Ќе се обидеме да обезбедиме простории за учениците, за во иднина да имаме уште подобри услови. Колку први одделенија ќе има следната учебна година? Пет се на албански, а едно на македонски јазик. Дали сите пет се веќе пополнети? Тие се преполни. Ако не можеме да стигнеме поради бројот, поради просториите, планираме да работиме со три смени. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму, ќе постапиме според условите“, рече Есма Фазлија, ОУ „Хасан Приштина“.

Од општина Чаир за Алсат велат дека решението за овој проблем е проширување на постоечките училишта со дополнителни објекти или користење на специјалното училиште „Иднина“.

„Во делот од училишниот двор да се додаде објект за покривање на потребите и капацитетите за сместување и за запишување на ученици. Во однос на специјалното училиште Иднина, како објект и како имот е во надлежност на Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика. Како општина, отворени сме за соработка и комуникација со двете државни институции, зошто да не и како помошно училиште или како нов субјект, како ново училиште да функционира, имајќи предвид дека до 2023 година е крајниот рок за инклузивно образование“, изјави Фари Исени, портпарол на општина Чаир.

Минатата година во ова училиште имаше 1.045 ученици, а за следната бројот се очекува да биде 1.117. Во основното училиште „Исмаил Ќемали“, од истата општина веќе е изграден дополнителен објект.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button