Во Чаир продолжува сериозната состојба со натрупаниот отпад

„На овој пензионер кој штотуку ја премина улицата, кучиња му го блокираа патот, а ѓубрето му го блокираше и тротоарот и тој мораше да оди низ ѓубре за да стигне до пазар и да купи прехранбени производи“, пренесува репортерот на Алсат.
„Кажи ми како ќе поминеш? Еве едно, две, три кучиња, но и ѓубре, го блокираат патот. Се плашам кога ќе излезам да не ме прегазат автомобили, не знам што да кажам“, вели еден пензионер.
Според него, срамна е оваа состојба во која општината е оставена од надлежните.
„Не знам што да кажам, ова е срамно и не знам што прават од комунална хигиена. И јас бев на работа, но не излегувам од работа додека не исчистам“, вели Шефик Алиу – пензионер.
Чаирчани велат дека секојдневно си го ризикуваат животот за да ги завршат секојдневните обврски како што е купувањето леб.
„Како ја коментирате оваа сцена со ѓубрето? Да бидам искрен, не можам ни да одам да купам леб, морам да излезам на главниот пат и да ризикувам да ме прегази автомобил. Го ризикувам животот за леб“, реагираат граѓаните.
Комунална хигиена го остави отпадот несобран неколку дена. На прашањето зошто не се преземаат мерки за отстранување, од компанијата не ни одговорија..
Авни Тахири