ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Чашка се спрема „онлајн“ настава поради тензиите со албанската паралелка

Не е исклучена можноста сите ученици од основното училиште „Тодор Јанев“ во општина Чашка да се префрлат на онлајн настава поради тензиите околу отворената албанска паралелка за прво одделение. Ова за Алсат го најави министерот за образование Јетон Шаќири, додавајќи дека следната недела ќе се разговара за сите законски можности кои ќе овозможат наставниот процес да се одвива без прекин.

Advertisements

„Ќе разговарам за начините на понатамошна реализација на учебната година. Таму навистина имаме вонредна ситуација поради неможноста и поради нападите што се прават врз лидерите, нападите врз наставниците, ќе видиме и можност преку онлајн настава да заврши ова полугодие, реализацијата на законските обврска за сите деца и на албански и на македонски јазик. Но, кога ова ќе се воведе како механизам, тогаш не сакам да гледам изговори и коментари од родителите дека имаме можности физички да учиме, а министерството им штети на децата со онлајн настава“, вели Шаќири.

Народниот правобранител потсетува дека самоиницијативно отвориле предмет за овој случај и сè уште чекаат одговори од надлежните институции. Васка Бајрамовска-Мустафа оценува дека сериозно се кршат правата на децата.

Протестот во Чашка започна на 23 ноември поради одлуката да се отвори паралелка со настава на албански јазик за прво одделение. Според советот на родители, паралелката била отворена без почитување на законските процедури и без одобрение од советот. Министерството за образование неколку пати повтори дека албанската паралелка ги поминала сите законски процедури. Во основното училиште во Чашка има над 70 ученици Албанци, но тие следат настава на македонски од прво до 9 одделение бидејќи немаат часови на албански јазик.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button