ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во чест на Светскиот ден на млекото, Битолска млекара традиционално го одбележа Денот на фармерите

Во чест на Светскиот ден на млекото, Битолска млекара традиционално го одбележа Денот на фармерите

Во чест на Светскиот ден на млекото, Битолска млекара традиционално го одбележа Денот на фармерите, настан посветен на луѓето кои секојдневно придонесуваат кон развојот на домашната млечна индустрија.

Advertisements

Со доделување на признанија за рекордни достигнувања и израз на благодарност, млекарата уште еднаш ја истакна клучната улога на фармерите во обезбедувањето квалитетно млеко до секој потрошувач.
„Фармерите кои соработуваат со Бимилк покажуваат високо ниво на одговорност, како во одржување на животинската добросостојба, така и во прифаќање на препораки од нашите теренски тимови.

Податоците покажуваат дека токму оние производители кои инвестираат во квалитет, преку подобрена исхрана, автоматизирани системи за молзење и добра ветеринарна поддршка, се оние кои континуирано испорачуваат млеко со највисоки технолошки параметри. Затоа е важно и овие практики да се афирмираат и вреднуваат “ порача Александар Мано, менаџер за операции во Бимилк.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button