ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во четврток и петок штрајк во вработени во администрацијата

Во четврток и петок оваа недела вработените во судовите, министерствата, агенциите и останатите државни институции ќе имаат двочасовен предупредувачки штрајк на работното место. Ќе трае од 10 до 12 часот. Синдикатот УПОЗ кој ги застапува правата на овие вработени, тврди дека 95 отсто од службениците не ја добиле зголемената минимална плата од 18.000 денари, а останатите или не добиле плата или пак имаат грешки во сумата.

Advertisements

„Веднаш да се исплати минимална плата за сите вработени кои повторно останаа под минималната плата. И потребно е линеарно зголемување за сите останати вработени во износ од 2.806 денари“, рече Трпе Деановски претседател на УПОЗ.

Штрајк денеска најавија и синдикалците во државната пошта. Доколку вработените не добијат скалесто зголемување на платите на 14-ти овој месец, предупредуваат дека и тие ќе стапат во генерален штрајк. Бараат линеарно зголемување на платите во висина од 3.000 илјади денари.

„Оправданоста на нашето барање за линеарно зголемување на платите на фактот што 30 години непокачување на платите на вработените во Македонска пошта. Затоа бараме итно и неодложно зголемување на платите со оглед на покачување на цените на производите и на енергенсите“, рече Боро Велигденов претседател на синдикат на Македонска пошта.

Периодот што следи по сè изгледа дека ќе биде запаметен по серија на протести кои ги најавуваат вработените под државна капа. Растот на минималната плата од 15 на 18 илјади денари во приватниот сектор која е субвенционирана од државата, ги разлути вработените во образованието, државната управа и останати сектори. Таму државата не најде пари за раст на платите.

Ставот на власта е дека живееме во криза и пари за повисоки плати засега нема. Овие изјави доаѓаа во време кога јавноста беше сведок на серија потрошени високи суми од државниот буџет за набавка на цвеќиња, луксузен прибор за јадење, нови возила и слични непродуктивни трошоци.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button