
Се очекува в четврток во Собранието да се одржи пленарната седница за интерпелацијата на претседателот на Парламентот Талат Џафери поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа беше поднесена на 30 мај откако во јавноста се појавија аудио снимки на кои се слуша како Џафери навредува и пцуе вработени во собраниските служби.
ВМРО сепак, не очекува интерпелацијата да биде изгласана, но сметаат дека тој треба да одговара пред граѓаните за својата работа.
Џафери пак, коментира дека поднесената интерпелација содржи низа невистини и претставува груб обид за манипулација.