ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Дебарско шест активни случаи на Ковид-19

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жителка на село Могорче, поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемија.

-ОВР Дебар поднесе кривична пријава против З.И.(59) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. При контрола извршена на 27 август полициските службеници констатирале дека истата не се придржува до решението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат за задолжителна изолација, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додада дека истата постапила спротивно на законските прописи за заштита од пандемијата со Ковид-19, поради што и е поднесена пријавата.

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, моментно активни на болеста се само шест лица, кои имаат решенија за изолација.

Надлежните апелираат да се почитуваат здравствените прописи за време на епидемија, било да е од оние кои задолжително мора да останат во изолација, како и од граѓани, мерките за спечување на ширењето на заразата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button