ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ДУИ не кажуваат дали ќе ги исклучат „огнените“ од партијата

Во ДУИ не кажуваат дали ќе ги исклучат „огнените“ од партијата

Дали официјалното исклучување на Огнената група од партијата е една од опциите што ДУИ ги разгледува откако ги прогласи за потенцијални анархисти? Одговор за ова прашање побаравме, но од партијата на Ахмети не ни одговорија. Два дена по средбата во партијата каде што се разделија, ДУИ остана на последниот став дека партискиот статут не дозволува фракции, но што ако тие сепак се создат, никој ништо не кажува.

Advertisements

„Секое друго дејствување различно од статутот е анархија. Анархијата е најголем непријател на демократијата. Принципот е дека малцинството треба да ја прифати волјата на мнозинството“, изјави Али Ахмети, Претседател на ДУИ.

Одговор не добивме ни од Огнената група на чело со потпретседателот Изет Меџити. Прашавме кога и како ќе почнат да создаваат паралелни структури во ДУИ, како што најавија и дали сепак ќе му дадат време на Ахмети, како што самите рекоа, да покаже демократски капацитет. Меџити вчера за Алсат призна дека нивното делување како фракција не е предвидено во статутот, но, според него, не е првпат ДУИ да постапува надвор од статутарните одредби.

„Ќе биде активна во иднина, ќе има свои структури и ќе ги презентираме не само структурните разлики, туку и програмските и нашите политички идеи и позиции за секоја тема“, рече Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Меџити и неговата група негираат дека имаат намера да формираат нова партија./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button