СВЕТ

Во ЕУ 13% од граѓаните работат и по заминувањето во пензија

Во Европската унија 13 отсто од граѓаните работат и по пензионирањето, објави денеска Евростат.

Advertisements

Околу половина од луѓето кои продолжиле да работат својата работа ја вршат под исти услови како и пред пензионирањето, додека другата половина го промениле работниот однос или го намалиле бројот на работни часови, се додава во извештајот.

Истражувањето спроведено минатата година, исто така, покажа дека најголем број луѓе кои работат по пензионирањето е регистриран во балтичките земји на ЕУ – во Естонија 54,9 отсто, Летонија 44,2 отсто и Литванија 43,7 отсто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button