ВЕСТИСВЕТ

Во ЕУ, 43 отсто од граѓаните на возраст меѓу 25 и 34 години имаат високо образование

Во Европската унија лани биле регистрирани 43 отсто од граѓаните на возраст меѓу 25 и 34 години со високо образование, што е за еден отсто повеќе од 2022 година, објави денеска Евростат.

Ирска има најголем удел на високообразовани граѓани на возраст меѓу 25 и 34 години, поточно 63 отсто, потоа Кипар 62 отсто, Луксембург 60 отсто, Литванија 57 отсто, Холандија 55 отсто.

Eurostat

Спротивно на тоа, најмал удел на високообразовани лица во споменатата возраст е забележан во Романија со 23 отсто, Унгарија со 29 отсто и Италија со 31 отсто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button