ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во фокус на дебатата на емисијата „Патот Кон“ вечерва беа судските случаи, Монструм, Алмир, Алфа

Во фокус на дебатата на емисијата „Патот Кон“ вечерва беа судските случаи, Монструм, Алмир, Алфа, но и бегството на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков. Опозицијата од редовите на Албанците вели дека расветлувањето на случајот Алфа ќе ја има судбината на случајот Монструм, а од владејачката партија велат дека со одлука на Владата видео снимките да се разгледаат со меѓународна асистенција, ќе има нови докази со кои можат да излезат на слобода осудените за овој случај.

Advertisements

“Така како што добија гласови од Албанците со случајот Монструм, дека ќе го вратат на повторно судење, а еве кој е резултатот, и случајот Алфа ќе го вратат на повторно судење со истите докази и пак Реџаил Ќерими, според ова логика и менталитет како во Монструм, се знае крајниот резултат“.

„Зошто да не, со истите докази во случајот Алфа? Зборувам врз основа на информациите што ги имам затоа што ме интересира да има правда во оваа земја. Никој да не злоупотреби со одговорноста во одредени институции, одговорност која му е дадена од граѓаните, било да е судија или обвинител. Таму може да има нови докази“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button