ЗАБАВА
Во Франција се продава тврдина во која биле погубувани вештерки

Во Франција се продава историска тврдина од 13-тиот век за околу 4 и пол милиони евра. Во моментов тврдината располага со 20 спални соби, а во минатото била место каде биле погубувани обвинетите за магии и вештерство. Џиновскиот комплекс се продава заедно со воени бараки, пекарница, црква и складишта кои ќе бидат отворени за јавноста од следниот месец. Ова тврдина била изградена во 1265 година, а во 15-тиот и 16-тиот век била главна судница во таканаречената ера за лов на вештерки.