ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во голем дел од јавните набавки детектирано мито и корупција

Сите истражувања на Центарот за граѓански комуникации изминатиов период покажале дека постои корупција при спроведување на јавните набавки. Дел од тендерите се спроведувале не почитувајќи ги основните принципи токму на Законот за јавни набавки.

„Нема сознанија ниту за поголема активност на МВР во насока да ги докажува случаите онаму каде што укажуваат, дали граѓанските организации, медиумите или пак институциите за корупција, за МВР со своите истражни мерки тоа да го потврди, а за жал сведочиме и на голема пасивност на обвинителството“, изјави Сабина Факиќ, Центар за граѓански комуникации.

Директорот на Државниот завод за ревизија Максим Ацевски, посочи дека нивните анализи покажуваат дека од 2015 – та до 2018 – та година дури во 54 отсто од јавните набавки имало само една понуда. И тој посочи дека обвинителството има пасивна улога.

„Ќе констатираме една неповолна состојба во делот на однесувањето на обвинителството, а тоа е дека за жал и покрај тоа што во суштина за сите ревизорски извештаи за кои сме сметале дека имало елементи за покренување постапка од обвинителството за утврдување на она што значи дали навистина постои корупција и елементи на кривична одговорност и покрај нашите две обраќања до денот на овој настан ние немаме повратна информација за состојбата“, рече Максим Ацевски, Директор на ДЗР.

Вршителот на должност, амбасадор на Кралството на Холандија – Роберт Декер во комуникација со граѓани додека е во земјава, увидел неколку примери на корупција.

„Политичари кои вршат притисок врз компании да обезбедат работни места за нивните гласачи како и пациенти кои им носат на докторите, скапо шише на ракија во знак на благодарност“, рече Роберт Декер, в.д. амбасадор на Кралство на Холандија.

Заклучоците од проектот „Потребата и предизвиците во јакнењето на интегритетот во јавните набавки“ се презентираа по анализа на 40 претпријатија основани од Владата, Град Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button