Во градската болница осум повредени се во критична состојба
Во градската болница осум повредени се во критична состојба

На Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје во моментов се лекуваат 15 лица, додека 14 се веќе пренесени на понатамошно лекување во соседните и европските земји. Директорите на клиниката за Алсат информираат дека 4 пациенти се на интензивна нега а 4 други во шок соба. Здравствената состојба на останатите пациенти останува стабилна и сите се во постојан контакт со своите роднини.
И семејствата на хоспитализираните и понатаму остануваат во болница, чекајќи да се подобри здравствената состојба на нивните блиски. И покрај обидите на Алсат, членовите на семејството повторно одбија да зборуваат пред камера со образложение дека не можат да кажат ниту еден збор за трагедијата што ја доживеале нивните деца или блиски.
Министерството за здравство веќе соопшти дека во координација со Психијатриската болница и Психијатриската клиника се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози кои ќе даваат психолошка поддршка на семејствата и пациентите. Од Министерството за здравство велат дека за сите кои имаат потреба од совет или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, преку која стручни лица даваат психолошка поддршка. Како дел од оваа иницијатива, во Кочани ќе биде распореден мобилен тим, составен од двајца лекари и психолог, со цел да се обезбеди соодветна и навремена психолошка поддршка на граѓаните./Алсат.мк
Мелихате Рустеми