МАКЕДОНИЈА

Во Инспекторатот за јазици, само 8 инспектори

Во Инспекторатот за јазици работат само 8, а потребни се 32 инспектори. Директорот на Инспекторатот, Исеини во интервју за Алсат рече дека бројот на инспектори до пред два месеци бил само 6.

Advertisements

Дали имате недостиг на кадар бидејќи во ова студио и порано  се жалевте дека имате недостиг на кадри, на теренски инспектори?

„Моментално во Инспекторатот за примена на јазикот имаме осум лиценцирани инспектори, пред две месеци имавме шест, сега имаме осум инспектори. Иако според систематизација која јас ја подготвив како директор, треба да бидеме 32 инспектори имајќи ги предвид и четирите регионални единици како Тетово, Кичево, Куманово и една регионална единица во Скопје бидејќи во Скопје…

Дали функционираат или не се отворени?

„Не функционираат бидејќи за да се отворат овие регионални единици и за да ја исполниме бројката на вработени инспектори треба да имаме поголем буџет и да почнеме да ги отвориме. Но, веруваме дека следната година ќе ја отвориме регионалната единица Тетово“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button