СПОРТФУДБАЛ

Во Истанбул ќе бидат извлечени групите за Лигата на шампионите

По добивањето на последните три учесници во Лигата на шампионите (Шериф, Салцбург и Шахтјор), денес од 18 часот во Истанбул ќе биде извршена ждрепката за групната фаза.
По добивањето на последните три учесници во Лигата на шампионите (Шериф, Салцбург и Шахтјор), денес од 18 часот во Истанбул ќе биде извршена ждрепката за групната фаза.
Најмногу учесници во сезоната 2021/22 во елитното фудбалско натпреварување ќе има Шпанија – пет, Англија, Италија и Германија ќе имаат по четири екипи.
Учесници во групната фаза во ЛШ:
Англија: Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челзи.
Шпанија: Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Барселона, Севиља, Виљареал.

Италија: Интер, Милан, Аталанта, Јувентус.

Германија: Баерн Минхен, Лајпциг, Борусија Дортмунд, Волфсбург.
Франција: Лил, ПСЖ.
Португалија: Спортинг, Порто, Бенфика.
Русија: Зенит.
Белгија: Клуб Бриж.
Украина: Динамо Киев, Шахтјор.
Холандија: Ајакс.
Турција: Бешикташ.
Швајцарија: Јанг Бојс.
Шведска: Малме.
Молдавија: Шериф.
Австрија: Салцбург.
Ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи. Најдобрите две ќе изборат пласман во следната фаза, а третопласираните ќе продолжат во Лига Европа. /MIA

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button