
За првпат по 2022 година, во Истанбул на преговарачка маса седнаа претставници на Русија и Украина. Средбата започна со воведен говор на турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, кој рече дека Турција е задоволна што ги гледа делегациите од Русија и Украина во Истанбул и оти смета дека е важно Русија и Украина да ги послушаат повиците за мир од американскиот претседател Доналд Трамп и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува РИА Новости.
Преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул се одвиваат зад затворени врати, а на преговарачката маса се девет претставници на Руската Федерација и 11 претставници на Украина, јавува дописник на руската агенција.
⚡️ Talks between the Ukrainian delegation and the Russians have begun in Turkey pic.twitter.com/q2Mq975CMA
— Ukrainska Pravda in English (@pravda_eng) May 16, 2025