ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ИВЗ спречен пуч за разрешување на поглаварот Фетаху?

Во ИВЗ е спречен обид за разрешување на поглаварот Шаќир Фетаху, неофицијално дознава Алсат, иако оваа верска институција не признаваат дека имало таков обид. Засега нема јасни информации за причините кои довеле до ситуација една незадоволна група да проба да го разреши Шаќири, а такви информации кружат на социјалните мрежи. Сомнежите за овие случувања во ИВЗ се зголемија по одлуката на поглаварот Шаќир Фетаху од неделата после полноќ, кога разреши пет членови на Ријасетот:

Advertisements

Ибрахим Идризи – директор на Медресата „Иса бег“
Мустафа Даути – директор за надворешна комуникација
Јусуф Зимери – директор на Секторот за верско-просветни прашања во ИВЗ
Мухамер Весели – директор на Агенцијата за Халал систем
Реџеп Зибери – директор на Здружението „Илмие“

Од ИВЗ не даваат никакви официјални информации за причините за ваквите разрешувања. Во кус разговор првиот човек на ИВЗ Шаќир Фетахи ни рече дека не станува збор за обид за негово разрешување, туку била направена систематизација на работните места.

Алсат се обиде да разговара со дел од разрешените, Јусуф Зимери, директор на Секторот за верско-просветни прашања, воедно и претседател на Меџлисот за фетфа во Македонија. Тој рече дека е на лекарско боледување и оти сè уште не добил решение за отказ.

„Изгледа се повикуваат на систематизација на работните места. Официјално од Ријасетот на ИВЗ немам добиено решение за отказ или за систематизација. Во приватни разговори по телефон ми се јавија пријатели и ми кажаа, но јас сум институционална личност и официјално ништо не сум добил. Систематизацијата треба да биде во согласност со струката и стручната подготовка. Ми рекоа дека моето работно место ми било сменето, но не сум добил официјална одлука“, наведе Јусуф Зимери, Директор на Одделението за верски и образовни прашања при ИВЗ.

Со местото директор на Медресата „Иса бег“, сега е поставен Ислам Ислами. Неговото именување е официјално објавено и на социјалните мрежи на Медресата. Во соопштението се наведува само дека тој е именуван за директор, стои неговата биографија, но нема ниту збор за досегашниот директор.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button