МАКЕДОНИЈА

Во изолација деца и негувателки од две јаслени групи од кумановска градинка

Вкупно осум деца од две јаслени групи и шест негувателки од кумановска градинка се во изолација, откако една негувателка била позитивна на коронавирус, информираа денеска надлежните од градинката.

Advertisements

Денеска, уште една негувателка која веќе била во изолација е позитивна на коронавирус. Затворена е и стручната служба во овој објект, бидејќи првично сметководителка била потврдена позитивна, а во изолација се уште две нејзини колешки. Поради потврден случај на заболен домаќин, затворена и кујната во овој објект. Градинката постапила согласно утврдените алгоритми и протоколи за ваква состојба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button