ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во изолација се 482 деца и 77 вработени во градинки

Во сите градинки во земјата состојбата е добра и во моментов не се размислува за нивно затворање и покрај зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот. Министерката за труд и социјална политика Шахпаска информираше денеска дека од 9 септември кога градинките започнаа да работат, 26 деца и 83 вработени биле позитивни на вирусот.

Advertisements

Инаку, сè уште не се исполнети сите капацитети во градинките. Има околу 10 илјади слободни места.

Министерката нагласи дека здравствената состојба на сите заразени е добра. Само едно дете и една воспитувачка се хоспитализирани, но тие страдале и со други хронични заболувања.

Melihate Rustemi

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button