Во Келн евакуирани 20.000 луѓе поради три американски бомби од втората светска војна
Во Келн евакуирани 20.000 луѓе поради три американски бомби од втората светска војна

Големи делови од центарот на Келн се затворени денеска, зашто експертите планираат да деактивираат три бомби останати од Втората светска војна.
Иако градот е навикнат на вакви случаи, денешната операција е една од најголемите досега, бидејќи им е наредено на 20.000 луѓе да ја напуштат засегнатата област. Тоа ги опфаќа целиот стар дел од градот, 58 хотели, три моста на Рајна, градското собрание и железничката станица во округот Дојц. Главното обележје на градот, готската катедрала, се наоѓа надвор од опасната зона.
Трите бомби, од кои две имаат по 90 килограми, а една 45 килограми, се пронајдени во Дојц во понеделникот. Сите се од американско производство.
„Ова е најголемата евакуација во градот од крајот на Втората светска војна. Сите се надеваме дека деактивирањето ќе заврши денеска“, објавија градските власти.