Во Комисијата за заразни болести од 17 именувани членови, само еден Албанец

Со смената на првиот човек на Министерството за здравство администрацијата нема да остане иста. Се очекуваат промени во Комисијата за заразни болести. Во моментов од 17 именувани членови на ова тело е само еден Албанец. На инфектологот Илир Демири од Инфективната клиника при се очекува да му се приклучат и нови колеги, не само во однос на соодветната застапеност, туку и стручните квалификации. Ова се најаввите на Министерството за здравство, но без да споменуваат нови имиња.
„Сега е време да се освежи ова тело толку важно во справувањето со кризата со Ковид. Се уште не се донесени одлуки, но штом има нови именувања, јавноста ќе биде навреме известена“, велат од Министерство за здравство.
Новиот министер за здравство, Беким Сали, очигледно не е задоволен од досегашната администрација и според информациите што ги обезбедивме, новиот дух во министерството не може да се имплементира со стари кадри. Го прашавме еден од најгласните доктори кој го критикуваше поранешниот министер Филипче. Специјалистот за заразни болести Фадил Цана рече дека новиот министер останал со „жежок костен в раце“ за да се справи со оваа ситуација.
„Сега е време новиот министер со неговото раководство да размислува и да прави кратења и интервенции, особено во делот на координаторите и луѓето кои пропагираат дека се оди добро и тоа да се одрази во потребата за отворање на нови капацитети и КОВИД центри без разлика на мислењата на експертите што ги наследи претходниот министер“, изјави Фадил Цана, доктор на Инфективна клиника.
Во главниот тим за ковид пандемијата се директорот на Клиниката за пулмологија Дејан Докиќ како координатор на центрите за ковид, првиот човек на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски првиот човек на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети ,Ирина Бухова од Државниот санитарен здравствен инспекторат и Александра Грозданова на чело на Националниот комитет за имунизација на населението во земјава.
Аднан Ќаили