Во Копаница, во општина Јегуновце, со месеци нема вода за пиење
Во Копаница, во општина Јегуновце, со месеци нема вода за пиење

Жителите на селото Копаница општина Јегуновце денеска протестираа пред вратите на општината, изразувајќи го својот револт поради недостатокот на вода за пиење. Тие бараат од општината што поскоро да најде решение за овој проблем, бидејќи на тропски температури нивните чешми остануваат суви со месеци додека тие се обидуваат да ја одржат хигиената со загревање на кофи со вода. Жителите влегоа и во општината за да преговараат со градоначаникот на општината.
„Го молам градоначалникот да преземе мерки што е можно поскоро, бидејќи три месеци сме без вода. Не можеме да го користиме бојлер, не можеме да ги користиме апаратите, без вода сме на температури од плус четириесет степени. Грееме четири или пет кофи и се миеме. Во кој век живееме? Кога ќе дојде време за избори, доаѓаат и собираат гласови, додека ние сме без вода“, рече еден жител.
„Многу проблеми, во моментов носиме вода со кофи. Цевките се таму, но се оштетени. Не знаеме што е скршено. Нè обвинуваат дека не плаќаме, но ние плаќаме, сите сме платиле за приклучоци и други работи. Но, сè уште немаме вода. Нашата вода не е за пиење бидејќи ја добиваме од нивите. Мојот бојлер е расипан шест месеци“, додаде друг жител.
Од општина Јегуновце велат дека вода има, но мора редовно да се плаќа. Според првиот човек на општината, жителите на Копаница не плаќаат за вода и затоа таа не им се пушта.
Констадиновски додаде дека по потпишувањето на договорите за користење на водоводниот систем, жителите редовно ќе се снабдуваат со вода./Алсат.мк
Башким Сулејмани