ВЕСТИРЕГИОН

Во Косово сопруг убил бремена жена во болнички двор

Бремена жена на 35-годишна возраст е убиена синоќа од нејзиниот сопруг пред клиниката за гинекологија на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, каде што била примена во очекување наредните денови да се породи. Како што јавија косовските медиуми, повикувајќи се на извори од државната болница и од надлежните органи, жената, која била во 41-та недела од бременоста, била застрелана од сопругот, 31-годишниот Сокол Халили, со три куршуми од пиштол, при што не преживеало ниту бебето што го носела. Жртвата, идентификувана со иницијалите Х. М. е по потекло од селото Лугаџи во општината Витина, југоисточно Косово, а била во процес на развод.

Сторителот е во бегство и по него е распишана потерница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button