РЕГИОН

Во Косово, за време на денот пратениците беа евакуирани од Собранието поради закана за бомба

Во Косово, за време на денот пратениците беа евакуирани од Собранието поради закана за бомба

Безбедносните власти ги отстранија сите пратеници, медиуми и други присутни од зградата на Собранието на Косово претпладне, непосредно пред продолжувањето на следната конститутивна седница, поради закана за бомба

Advertisements

Полицијата изврши контроли внатре и надвор од зградата на Собранието..

Полицијата на Косово потврди дека добила информација за закана со експлозивно средство. Арбен Лоши, заменик на генералниот секретар на Собранието, изјави дека по деталните контроли, претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари, одлучил седницата да се одржи во 20:00 часот.

ДСК го оцени како сериозна заканата со бомба во Собранието на Косово.

Пратениците денеска се собраа за да ја продолжат конститутивната седница на Собранието, во нивниот 42-ри обид да го формираат Собранието од 15 април. Четири месеци по изборите од 9 февруари, Косово сè уште нема нови институции, додека уставниот рок за формирање на Собранието се приближува кон крајот. Седницата свикана за избор на претседател на Собранието не успева зашто кандидатката за претседателка на Собранието, Албулена Хаџиу нема поддршка од мнозинството пратенции, а партиите не можат да се усогласат дали е законски или не да има тајно гласање .

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button