ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во ковид-центрите слободни уште 200 кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1498 и има околу 200 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.
Инаку, во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 66 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 39 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти и 9 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни,а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 50 оздравени пациенти.