ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа е хоспитализирани 81 пациент

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 81 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 698 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 40 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти и 6 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 нови болни и 12 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 58 оздравени пациенти.