ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализиран 41 пациент

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 41 нови пациенти, поради компликации од коронавирусот. Вкупно 438 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми, и тоа осум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за неврологија, пет пациенти се примени на Клиниката за нефрологија и еден болен на Клиниката за дерматовенерологија. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 14 лица.

Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button