ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, од болница пуштени 27 оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопштуваат од Министерството за здравство. Од таму додаваат дека за истиот период дома се пуштени 27 оздравени пациенти.
Инаку, вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, петмина во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца болни се  хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Клиниката за гастроентерохепатологија, двајца пациенти на Клиниката за очни болести и еден на Клиниката за нефрологија.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 15 приеми во текот на вчерашниот ден.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button