ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 76 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 76 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 725 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштија од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 34 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 17 примени пациенти и 8 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле  биле примени 5 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 6 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button