ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа нема нови хоспитализирани пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 46 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Приеми немало ниту во ковид центарот во ГОБ 8 Септември и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button