ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 10 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 243 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштија од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 4 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 4 оздравени пациенти.