ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 14 пациенти, пуштени 19 оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдено за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, на Клиниката за неврологија, на Гастроентерохепатологија и на Очната клиника, а двајца на Клиниката за дерматологија.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало  7 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани двајца болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button