ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 333 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа  по еден пациенти бил хоспитализиран на Клиниката за уво, нос и грло, на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Очната клиника. Двајца болни се примени на Клиниката за Неврологија и тројца на Клиниката за нефрологија.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало   5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button