ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациенти, пуштени 9 оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 283 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 14 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.