ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 35 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 35 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 261 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Advertisements

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти и 6 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 15 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button