МАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 41 пациент, а пријавени се 35 оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 41 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Пријавени се 35 оздравени пациенти кои се пуштени дома. Вкупно 393 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравени пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Се очекува да започнат со работа и новите коивид центри на Клиниката за Нефрологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button